недела, 24 ноември 2024

Кина: Протекување на гас предизвика експлозија во ресторан, загинаа најмалку 31 лице

Објавено на

часот

Сподели

„Протекување на гас предизвика експлозија во ресторан за скара“, соопшти агенцијата, цитирајќи го регионалниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

Седум повредени се во болница, а едно лице е во критична состојба.

Експлозијата се случила околу 20 часот и 40 минути по локално време во ресторан во станбена зона во центарот на Џинчуан.

Полицијата приведе девет лица по експлозијата, вклучително и сопственикот, акционерите и персоналот на ресторанот, а нивните средства се замрзнати, објави КЦТВ.

Меѓу настраданите има средношколци и пензионери.

Претседателот Си Џинпинг повика „што е можно поскоро да се утврдат причините за несреќата и релевантните лица да одговараат во согласност со законот“, соопшти новинската агенција.

Министерството за управување со вонредни состојби соопшти дека локалните противпожарни и спасувачки служби испратиле повеќе од 100 луѓе и 20 возила на местото на настанот по експлозијата.

Експлозиите и други слични смртоносни инциденти се релативно вообичаени во Кина, каде што градежните правила често се спроведуваат слабо, а широко распространетата неовластена градба може да ѝм отежне на луѓето да избегаат од зградите што горат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ