понеделник, 25 ноември 2024

Кина постави услов за Америка: Прво да ги укине санкциите, па дури потоа да се разговара

Објавено на

часот

Сподели

Ова го изјави Лиу Пенгиу портпаролот на кинеската амбасада во САД, пренесе Блумберг.

Портпаролот на амбасадата потсети дека САД воведоа еднострани санкции против Кина.

„Таквите пречки треба да се отстранат пред да дојде до размена и соработка меѓу двете земји“, рече Лиу Пенгиу.

Лиу не прецизираше за кои санкции се мисли, но Блумберг шпекулира дека неговата изјава најверојатно се однесувала на кинескиот министер Ли Шангфу, кој беше санкциониран од Америка во 2018 година поради купување руско оружје.

Кинеските власти ѝм ставија до знаење на нивните американски колеги дека Шангфу нема да се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин доколку САД не ги укинат ограничувањата.

На почетокот на месецот кинескиот претседател Си Џинпинг ја отфрли понудата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за воспоставување кризна комуникација меѓу двете земји.

Соединетите држави постојано инсистираа на „отворени линии на комуникација меѓу двете војски“, во услови на заострени односи со Кина за прашања како што е трговијата, независноста на Тајван, но и кинескиот, наводно шпионски балон, кој залута во американскиот воздушен простор на почетокот на оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ