недела, 24 ноември 2024

Кина официјално протестираше поради тоа што Бајден го нарече Си Џинпинг диктатор

Објавено на

часот

Сподели

Забелешките на Бајден на митингот во Калифорнија во вторникот отвори нов јаз меѓу двете страни, еден ден откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја заврши посетата на Пекинг, наменета како чекор кон стабилизирање и подобрување на комуникациите со Кина.

Бајден го нарече кинескиот претседател диктатор, рече дека не е во тек со настаните околу кинескиот шпионски балон што САД го соборија над својата територија и дека Кина има „вистински економски тешкотии“.

Кинеската амбасада во Вашингтон соопшти дека поднела официјален протест, а кинескиот амбасадор Ксие Фенг ѝм кажа вчера на високи претставници на Белата куќа и на Стејт департментот дека Вашингтон треба да преземе искрена акција за да го отстрани негативното влијание од она што го рекол Бајден или „да сноси целосна одговорност“.

„Со најновите неодговорни забелешки за кинескиот политички систем и неговиот лидер, вашиот народ не може да не ја доведе во прашање искреноста на американската страна“ во обидот да се стабилизираат односите, се вели во соопштението на кинеската амбасада.

„Кинеската влада и народот не прифаќаат каква било политичка провокација против кинескиот лидер и решително ќе одговорат“, се додава во соопштението.

Дипломатскиот спор со Кина се одвива во време кога Бајден беше домаќин на индискиот премиер Нарендра Моди во државна посета каде главна тема ќе биде взаемната претпазливост кон Кина.

Оваа изјава на амбасадата има поголема тежина од критичките коментари на портпаролката на кинеската влада еден ден претходно во обраќање до печатот.

Кина не даде дополнителни детали за тоа како амбасадорот ја пренесе пораката, дали бара извинување од администрацијата на Бајден или какви ќе бидат последиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ