петок, 18 октомври 2024

Кина му ја откажа посетата на шефот на дипломатијата на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Не се наведени причините за откажувањето на посетата. Сè се одвива во момент кога Европа се труди да ги намали ризиците кои ги создава нејзиниот близок економски однос со Пекинг, кого Брисел го нарекува „економски конкурент и системски соперник“.

„За жал, кинеските колеги нè известија дека претходно договорениот датум на патувањето кое требаше да се реализира следната недела повеќе не е возможен и дека мора да побараме алтернатива“, соопшти во пишана изјава портпаролката на ЕУ Набила Масрали, а пренесува Ројтерс.

Борел требаше да го посети Пекинг на 10 јули. Таму требаше да се сретне со кинескиот колега и да разговара за „стратегиски прашања“, меѓу кои човековите права и војната во Украина.

Амбасадорот на ЕУ во Кина во неделата на Светскиот форум за мир во Пекинг кажа дека Кина и Европа веројатно ќе организираат два состаноци на високи претставници во септември, пред одржувањето на самитот на сите лидери на крајот на годината.

Патувањето на Борел во Кина е вторпат откажано оваа година. Во април не можеше да замине таму бидејќи беше позитивен на коронавирусот.

Во говорот кој го подготвил за посетата на Пекинг во април Борел требало да каже дека ЕУ не може да ѝ верува на Кина ако не се заложи за мир во Украина.

Кина сака да посредува во постигнување мир во Украина, но предлогот објавен во февруари наиде на слаби реакции на Киев и Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ