недела, 20 октомври 2024

Кина клонираше мајмун

Кинеските истражувачи успешно го клонираа првиот мајмун резус, вид што е нашироко користен во медицинските истражувања поради неговата физиологија слична на човекот, што може да резултира со побрзо тестирање лекови кај луѓето, бидејќи генетски идентичните животни даваат слични резултати и поголема безбедност при испитувањата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходните обиди за клонирање резус или не успеваа да се породат или потомството умираше неколку часа подоцна, вели Би-би-си.

Кај цицачите, сексуалната репродукција резултира со потомство составено од мешавина на гените на нивните татко и мајка, додека клонирањето користи техники за создавање генетски идентична копија на едно животно.

Кинеските истражувачи користеле 113 ембриони, од кои 11 биле имплантирани и постигнале две бремености и едно успешно раѓање на мајмун, кое го нарекле „РеТро“, по научниот метод наречен „замена на трофобласт“ што се користи за „производство“ на животното.

Д-р Фалонг Лу од Универзитетот на Кинеската академија на науките рече дека „сите блескале од среќа“ од успешниот исход на клонирањето, додека од друга страна, портпаролот на британското Кралско друштво за спречување суровост кон животните (РСПЦА) рече дека организацијата верува дека страдањето на животните ја надвладува секоја непосредна придобивка за пациентите.

Како одговор на оваа загриженост, д-р Фалонг рече дека целта на неговиот тим е да добие повеќе клонирани мајмуни, а истовремено да го намали бројот на користените ембриони, додавајќи дека за истражувањето се добиени сите етички одобренија.

„Сите процедури на животни во нашето истражување се придржуваа до упатствата поставени од комитетите за употреба и грижа за животни на Шангајскиот институт за биолошки науки, Кинеската академија на науките и Институтот за невронаука“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ