среда, 23 октомври 2024

Кина го критикуваше минувањето на канадски воен брод низ Тајванскиот теснец

Канадски воен брод помина низ Тајванскиот теснец, за кој Отава вели дека ја претставува посветеноста на земјата за отворен индо-пацифички регион, додека Кина вели дека поморската вежба го поткопува мирот.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Канадското Министерство за одбрана соопшти дека фрегатата ХМЦС Монтреал „неодамна изврши рутински транзит“ низ теснецот за да ја потврди својата посветеност на „слободен, отворен и инклузивен“ Индо-Пацифик, пренесува Ројтерс.

„Како што е наведено во нашата Индо-пацифичка стратегија, Канада го зголемува присуството на Кралската канадска морнарица во Индо-пацифичкиот регион“, рече министерот за одбрана Бил Блер, мислејќи на канадскиот план за регионот објавен во 2022 година.

Ли Си, портпарол на дивизијата на Кинеската Народноослободителна армија, рече дека минувањето на канадската фрегата на 31 јули „претставува прекршок и ги поткопа мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец“. Тој предупреди дека кинеските војници се во состојба на готовност и „подготвени да одговорат на сите закани и провокации“.

Во ноември, американски разурнувач и канадска фрегата извршија заеднички транзит низ теснецот, а минатиот јуни кинески воен брод помина на 137 метри оддалеченост од американски разурнувач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ