петок, 18 октомври 2024

Ким Џонг Ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно оружје и нема да ја исклучи неговата употреба доколку биде нападната од непријатели, објави државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во говор што го одржа вчера на универзитет, Ким исто така рече дека нема намера да ја нападне Јужна Кореја, но „ако непријателот се обиде да употреби сила против нашата земја“, севернокорејската војска без двоумење ќе ја употреби целата сила, што „не ја исклучува употребата на нуклеарно оружје“.

Според КЦНА, тој повика и на опширно зајакнување на одбраната на Северна Кореја.

Тој испрати и роденденска порака до рускиот претседател Владимир Путин, пренесе КЦНА. Тој го нарече Путин свој „најблизок другар“, велејќи дека „стратешките и кооперативни односи“ меѓу двете земји ќе бидат подигнати на ново ниво за да се работи на „одбрана на регионалниот и глобалниот мир и меѓународната правда“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ