понеделник, 18 ноември 2024

Ким Џонг-Ун нареди јакнење на нуклеарните сили: „Мораме да ги довршиме подготовките за војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун повика на „неограничено“ јакнење на нуклеарните сили на земјата и довршување на воените подготовки, објавија државните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким ова го изјави во петокот за време на 4-та Конференција на команданти и инструктори на Корејската народна армија (КПВ), објави севернокорејската новинска агенција.

КЦНА објави дека Ким го опишал Корејскиот Полуостров како „најголемото жариште на светот“ во говорот пред командантите на баталјоните во Пјонгјанг во петокот. Ким, исто така, ги обвинил САД и Јужна Кореја дека ги довеле тензиите на полуостровот „до најлошата фаза во историјата“, објави КЦНА.

Пораката на Ким доаѓа откако лидерите на Јужна Кореја, САД и Јапонија на самитот во Перу го осудија распоредувањето севернокорејски војници во Русија и нејзината поддршка за Москва во војната со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ