недела, 20 октомври 2024

Ким Џонг Ун разреши важен генерал, на војската ѝ нареди да биде подготвена за војна

Објавено на

часот

Сподели

Генералот Пак Су Ил е сменет од функцијата началник на главниот стожер, а на негово место е назначен вицемаршалот Ри Јонг Гил, објави Корејската централна новинска агенција (КЦНА).

Исто така, КЦНА додава дека и други команданти се разрешени, преместени или именувани, но детали за нив не се објавени.

Северна Кореја редовно го менува своето воено раководство. Некои команданти подоцна повторно се појавуваат на други позиции, додека други исчезнуваат од јавноста.

И кариерата на новиот врховен генерал Ри – кој сега е втор човек во севернокорејската воена хиерархија – го докажува тоа, велат аналитичарите.

„Ри Јонг Гил е долгогодишен член на воената елита на Северна Кореја, кој, пред да го достигне врвот, доживеа подеми и падови во текот на својата кариера. Пред седум години дури се шпекулираше дека е погубен по кадровска реконструкција“, рече Лејф Ерик Исли, професор по меѓународни студии на Универзитетот Евха во Сеул.

ЕПА

Како причина за честите промени на командантите, Исли сугерира дека севернокорејскиот лидер можеби едноставно се обидува да се погрижи дека никој под него нема да стане премногу моќен.

„Ким Џонг Ун често ги ротира лидерските позиции под себе за да спречи во Северна Кореја да се појави некој како Евгениј Пригожин, кој го доведе во прашање авторитетот на рускиот претседател Владимир Путин откако стекна лична контрола врз финансиските средства и лојалност меѓу вооружените сили“, рече Исли.

КЦНА наведе дека главната точка на состанокот на кој биле разрешени старите команданти и биле именувани нови всушност била војната, односно подготовката за војна.

На состанокот во Пјонгјанг, Ким потпиша наредби за воени вежби кои го вклучуваат најновото оружје на земјата.

Ким Џонг Ун ги обиколи фабриките за оружје и муниција кон крајот на минатата недела и даде важни инструкции во врска со изградбата на капацитети за сериско производство на нова муниција, според извештајот на КЦНА.

Тој ги посети фабриките кои произведуваат гранати за ракетни фрлачи и лансер транспортери, тип на возила што може да истрелаат балистички ракети, пренесе КЦНА.

Тој даде инструкции за зголемување на производствениот капацитет на фабриките со цел зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, објави КЦНА. Северна Кореја го засили развојот на стратешко оружје, вклучително и балистички ракети со долг дострел и беспилотни летала, и ги покажа своите најнови ракети и беспилотни летала на големата воена парада која се одржа на крајот на јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ