понеделник, 28 октомври 2024

Километарски колони на „Табановце“, за излез од земјава се чека со часови поради паднат систем

Километарски колони од автомобили, автобуси и камиони од утрово има на граначниот премин „Табановце“. За излез од земјава кон Србија се чека со часови, а причина како што не информираат граѓани од лице место е паднатиот систем на граничниот премин од македонска страна.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

Ниту оние кои се понапред во редот, ниту оние кои допрва доаѓаат не можат да стасаат на ред да излезат бидејќи комјутерите не можат да ги евидентираат, а граничарите без евиденција не смеат да ги пуштат да поминат. Стојат во место, а се трупаат уште возила во редот.

Не се знае колку ќе трае застојот и кога ќе се реши овој проблем. Дотогаш гужви и редици се сликата која може да се забележи на „Табановце“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ