петок, 18 октомври 2024

Киев ја предупредува Германија: Не ја повторувајте грешката на Меркел

Објавено на

часот

Сподели

„Не ја повторувајте грешката која канцеларката Меркел ја направи во Букурешт во 2008 година кога остро се спротивстави на секој чекор кон членство на Украина во НАТО“, кажа Кулеба, и ја повика германската влада да не го попречува пристапувањето на неговата земја кон Алијансата, во пресрет на самитот на западниот воен пакт во Вилнус.

Според него, оваа одлука довела до припојувањето на Крим од страна на Русија. Доколку Украина во тоа време била членка на НАТО, смета тој, немало да дојде до руско-украинскиот конфликт.

Сепак, додаде дека Украина не очекува членство во Северноатлантската алијанса сè додека војува, но по завршувањето на конфликтот, според него, за Европа би бил самоубиствен потег да не ја прими таа земја во воениот пакт.

„Доколку Украина остане надвор од НАТО, тоа ќе значи дека војната и понатаму е опција. Единствениот начин да се затвори вратата за руската агресија на Европа и евроатлантскиот простор во целина е Украина да влезе во НАТО. Тоа е патот кон мирот“, истакна Кулеба, оценувајќи дека Русија не би нападнала членка на НАТО.

Украина на тој начин ќе ги растовари Германија и други западни членки на воениот пакт во одбраната на источното крило. „Ќе го преземе тој товар на својот грб“, додаде украинскиот министер за надворешни работи.

Во интервјуто за Билд, Кулеба се осврна и на зборовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека испораките на оружје на Украина се погрешни и дека тој не верува во победа на тамошната војска.

„Се уморив од побивањето на овие бесмислени аргументи. Сето тоа е само бла-бла-бла“, кажа украинскиот министер.

Кулеба ја отфрли и изјавата на Орбан дека Украина повеќе не е суверена земја бидејќи зависи од вооружувањето и финансиската помош од западот, нарекувајќи го тоа извртена интерпретација на реалноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ