„Ги советувам Украинците на привремено окупираните територии да одат во трети земји или да се подготват“, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм без дополнително објаснување.
„Знаете што треба да правите, грижете се за себе и за вашите деца“, рече Верешчук, според Ал џезира.
Таа додаде дека „окупаторските власти сѐ уште имаат време да си заминат“.
„Некои од нив веќе ги пакуваат своите работи“, рече таа, додавајќи дека би било „добро со себе да ги понесат своите соработници“.