вторник, 22 октомври 2024

Киев ги евакуира цивилите, браната не може да се поправи

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на неколку села во „зоната на опасност“, како и на дел од градот Херсон, се повикани да ги исклучат сите електрични уреди, да ги земат само најпотребните работи и да ги следат упатствата на властите.

Украинската компанија Укрхидроенерго соопшти дека хидроцентралата, која беше оштетена во гранатирање, за што меѓусебно се обвинуваат Русија и Украина, не може да се обнови бидејќи опремата е целосно уништена.

Укрхидроенерго наведува дека просторијата во која се наоѓа механичкиот оддел е целосно уништена, пренесува Униан.

Се додава дека акумулацијата Каховка ќе исчезне во следните четири дена и дека нивото на водата веќе рапидно опаѓа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ