понеделник, 16 септември 2024

Киев: Армијата ги собори речиси сите беспилотни летала лансирани од Русија

Русија синоќа го нападна Киев со беспилотни летала со долг дострел „шахед“, соопштија властите на главниот град на Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украинското воено воздухопловство соопшти дека Москва лансирала вкупно 67 беспилотни летала со долг дострел, од кои успеала да собори 58.

Ноќниот напад бил масовен, ниту едно непријателско беспилотно летало не стигнало до целта, соопшти воената управа на градот Киев.

Властите на главниот град нагласија дека се елиминирани сите беспилотни летала што му се заканувале на градот.

„Непријателските беспилотни летала почнаа да летаат на наша територија пред полноќ, од различни правци. Беспилотните летала се приближија до Киев околу три часот по полноќ“, соопшти шефот на КМВА, Сергеј Попко.

Армијата на Телеграм објави и дека единиците за противвоздушна одбрана се распоредени во 11 региони низ Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ