сабота, 19 октомври 2024

Кфор со бодликава жица ги огради зградите на општините, демонстрантите во Звечан наредија српски знамиња (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува РТС, околу зградата се собрале и вработените во локалната самоуправа.

Војниците на Кфор се во опрема за разбивање толпи, а присутна е и специјалната косовска полиција со блиндирани возила.

Ноќта на Косово минала мирно, иако насекаде се видливи засилени полициски сили.

звечан

Поранешниот претседател на собранието на општина Звечан Срѓан Милосављевиќ го повтори барањето за повлекување на специјалните единици на полицијата од општините на северот на Косово.

Демонстрантите развеаја српско знаме долго 250 метри, а Милосављевиќ ги повика на мирен протест.

звечан

Како што јавува дописникот на РТС, на оградите со бодликава жица во Звечан граѓаните закачиле српски знамиња.

Во Лепосавиќ на бодликавата жица граѓаните поставиле шесткрака ѕвезда на жолта основа, како знак кој го симболизира страдањето на Евреите под нацистите и животот во гето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ