петок, 18 октомври 2024

Кевин Лав го освои Лос Анџелес (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Победничкиот шут на Кевин Лав

Претходно, изненадувањето го најави шпанскиот интернационалец Рики Рубио, кој исто така со тројка на 20 секунди до крајот го изедначи резултатот на 98-98. Домашните имаа можност да дојдат повторно во водство, но нивниот последен напад не беше реализиран од ветеранот Чонси Билапс на 1,5 секунди до крајот.

Ова е трета победа по ред на „волците“, нешто што не успеале да го направат уште од февруари 2010 година. Прв стрелец кај Минесота беше Дарко Миличиќ со 22 поени и седум скокови, а Лав додаде 17 поени и 14 скокови. На спротивната страна за Клиперси, кои поради повреда пак не можеа да сметаат на Крис Пол, најефикасни беа Мо Вилијамс со 25 поени од клупата, Блејк Грифин со 21 поен и десет скокови и Билапс со 20 поени.

Во дербито на вечерта, кошаркарите на Орландо меџик го совладаа тимот на ЛА лејкерс (92-80) иако за нив тоа беше четврти натпревар во последните пет дена. Двајт Хауард беше феноменален со учинок од 21 поен и 23 скока. Коби Брајант мечот го заврши со 30 поени и осум асистенции, но тоа не беше доволно за успех на „езерџиите“.

Големо изненадување синоќа направија кошаркарите на Сакраменто кингс, кои успеаја да му го нанесат првиот домашен пораз на тимот на Сан Антонио спарс (88-86) сезонава.во НБА-лигата. За „кралевите“, пак, тоа беше само втор гостински триумф во новиот шампионат.

Кошаркарите на Милвоки дојдоа до првиот гостински триумф и тоа на теренот на Њујорк никс (100-86) каде што славеле шест пати на последните седум меча. За „никси“ тоа беше пети пораз по ред, а трет но нивниот „Медисон сквер гарден“.

Чикаго булс, пак, буквално го демолира Кливленд кавалирс (114-75) на негов терен иако на трет меч по ред не настапи повредениот Дерик Роуз. Ова е најубедливиот пораз за „коњаниците“ во историјата на клубот.

РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Атланта 90-76, Вашингтон – Денвер 104-108, Торонто – Портланд 84-94, Бостон – Феникс 71-79, Кливленд – Чикаго 75-114, Детроит – Мемфис 81-98, Њујорк – Милвоки 86-100, Орландо – ЛА лејкерс 92-80, С. Антонио – Сакраменто 86-88, Г. Стејт – Индијана 91-94, ЛА клиперс – Минесота 98-101.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=DO4R0Q3MDYg]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ