вторник, 22 октомври 2024

Каeвски не дојде на суд, одложено рочиштето за случајот со спортските ваучери

Портпаролот на СДСМ и првообвинетиот во случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски денеска не дојде во Основниот кривичен суд Скопје па рочиштето по овој предмет е одложено за 9 јули.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по операција на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсоски, претседателот на Македонски олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела злоупотреба на службена положба и за несовесно работење.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ