понеделник, 28 октомври 2024

Казни за 481 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 481 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, изречени се 21 мерка за користење мобилен телефон при возење, 24 санкции за некористење сигурносен појас, 22 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ