Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место, велат од МВР.
Од МВР апелираат возачите да возат внимателно и да не ја надминуваат дозволената брзина на возење, во интерес на безбедноста и сообраќајната култура.