недела, 24 ноември 2024

Кавадаречкиот градоначалник Јанчев бара одговорност за стечајот на Фени, утре состанок во Владата со новиот сопственик

Новиот сопственик на некогашниот гигант Фени утре ќе се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, најави попладнево градоначалникот на Општина кавадарци, Митко Јанчев, во рамките на 49. седница на Совет на општината. Се очекува на средбата да се разговара за почеток на работата на печката за топење никел во комбинатот во Кавадарци.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Новиот сопственик ќе ја посети и фабриката. Јанчев најави и исплата на заостанатите плати за вработените во рамките на стечајот, што беше отворен пред продажбата на Фени. На средбата се очекува да се разговара и за можноста за обештетување на транспортерите на руда, кои побаруваат пари за транспортот од пред стечајната постапка.

Јанчев рече дека новиот инвеститор досега вложил околу 45 милиони евра во комбинатот за фероникел.

Градоначалникот додаде дека треба да се размислува да се бара одговорност за тоа, зошто немало финансиска контрола, а имало сомнеж за скриена добивка. Тој јавно ги повика институциите да го испитаат случајот, да се направи контрола како дошло до стечајот и да се види кој го земал „кајмакот“.

„Замислете, до самиот стечај на Фени, до денот на отворање на стечај, сам на себе да си поминуваш плата по девет илјади евра. Притоа, немајќи производство девет месеци“, рече Јанчев, мислејќи на менаџерите на комбинатот кои имале склучено менаџерски договори.

Јанчев се осврна и на тоа какви договори своевремено потпишале транспортерите за транспорт на руда и ја појасни неповолноста во тие договори, додавајќи дека некој профитирал од тоа.

Пред стечајот, во поранешниот гигант Фени беа вработени околу 800 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ