вторник, 22 октомври 2024

Касами: За неизградбата на коридорот 8 одговорност за Груби и Рустеми

И во однос на Коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со „Бехтел и Енка“ одат кон решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме. Директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Груби и директорот Ејуп Рустеми направиле работи за кои најверојатно ќе треба да одговараат, изјави Билал Касами, претседателот на Беса.

Објавено на

часот

Сподели

Тој за ТВ21 изјави дека разговорите со компанијата „Бехтел и Енка“ одат во вистинска насока и дека очекува изградбата на коридорот 8 да продолжи.

Касами исто така рече дека актуелниот министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на сегашните Државни патишта, Коце Трајановски, ќе дадат дополнителни информации за овој проект, а поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државни патишта треба да одговараат за активностите поврзани со овој проект.

„И во однос на коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со Бехтел и Енка одат кон решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме, ја алармиравме јавноста и секако дека директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Груби и директорот Ејуп Рустеми направиле работи за кои најверојатно ќе треба да одговараат“, изјави Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ