недела, 8 септември 2024

Каракашев: Лозарите се на прагот на нов безмилосен грабеж

На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите, обвинува Ѓорѓи Каракашев, претседател на Национална мрежа на земјоделци, во соопштението испратено до јавноста.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Каракашев нагласува дека лозарите се пред нов предизвик и нова неизвесност поврзана со откупот на винското грозје. Притоа додава дека како Национална земјоделска мрежа според статутот се обврзани да ги штитат правата и интересите на индивидуалните земјоделци. Во ова прилика, додава, посочува на законските одредби од Законот за вино, што, според нив, е на директна штета на лозарите.

„Според законот винската година започнува на 1 август и завршува на 31 јули наредната година. Министерството за земјоделие најдоцна до 15 јули во тековната година утврдува производна цена за најмалку две најзастапени сорти винско грозје. Цената на винското грозје се утврдува врз основа на утврдени шеќерни единици и сите винарии и трговци се должни најдоцна до 1 август да ги истакнат откупните цени по шеќерна единица за секоја сорта винско грозје. Најголемата манипулација во Законот за вино е во загарантираната цена која мора да биде 25 отсто над производната цена утврдена од научно-истражувачка институција“, истакнува тој.

Истовремено, вели, на откупувачите на винско грозје им се дозволува исплатата на откупеното грозје да се изврши во три рати.

„Првата рата да биде исплатена во процент од 20 отсто најдоцна до 15 декември во тековната производна година. Втората рата во висина од 40 отсто да се исплати до 15 февруари наредната година. Третата рата во висина од 40 отсто најдоцна до 30 април наредната година. Според приложените законски одредби, повеќе од јасно е дека во прашање е еден дискриминаторски закон, каде лозарите се обесправени и се дозволува можност за злоупотреби и безмилосен грабеж на лозарите. Ние како Национална земјоделска мрежа  решително ке застанеме во одбрана на лозарите“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ