вторник, 26 ноември 2024

Канатларовски има порака за своите фудбалери: Македонија мора да е на прво место

Македонската фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, ги започна подготовките за престојните октомвриски квалификациски натпревари за ЕП.

Објавено на

часот

Сподели

Нашите надежи на 11 откомври во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ја пречекуваат Молдавија, а четири дена подоцна гостуваме кај Грузија.

„Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз“, вели селекторот Драган Канатларовски.

„Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа против незгоден ривал. Сигурно дека нема лесен противник во овие квалификации и ниту еден меч не може да се добие лесно, па така ќе биде и на следните дуели против Молдавија и Грузија“.

„За овој собир играчкиот кадар ќе претрпи промени. На наше големо задоволство двајца наши играчи, Марио Илиевски и Андреј Стојчевски се повикани во А репрезентацијата на Македонија. Имаме 10 фудбалери кои подолго време се носители на оваа генерација и 10 млади фудбалери кои полека ќе ги подготвуваме за следниот квалификациски циклус што следува“.

„Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим“.

„Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голежа желба и посветеност за се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ