петок, 1 ноември 2024

Канадски авион регистрирал подводни звуци во потрагата по исчезнатата подморница

Објавено на

часот

Сподели

Ова откритие е споделено преку интерни мејлови испратени до шефовите на Одделот за домашна безбедност, пренесуваат американските медиуми.

Екипите што трагаат по исчезнатата подморница во вторникот слушале удари на секои 30 минути и повторно четири часа подоцна по распоредувањето на сонарни уреди, пишува Индипендент.

Извршниот директор и основач на Оушнгејт експедишнс Стоктон Раш, британскиот милијардер истражувач Хамиш Хардинг, познатиот француски нуркач Пол-Анри Нарголе и пакистанскиот бизнисмен Штахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман се на подморницата Титан.

Пловилото нурнало во неделата наутро од својот помошен брод, канадскиот истражувачки брод Полар принс. Околу еден час и 45 минути подоцна, Титан го загубил контактот со Полар принс, соопштија властите.

Титан е опремен со четиридневно итно снабдување со кислород. Се проценува дека на петте исчезнати патници им се останати околу 30 часа кислород.

Во спасувачката мисија се вклучени американската и канадската крајбрежна стража.

Покрај група меѓународни бродови и авиони, подводен робот почна со потрага во близина на потонатиот брод Титаник, а се прават напори и да се достави спасувачка опрема до местото во случај подморницата да биде пронајдена.

Капетанот Џејми Фредрик од американската крајбрежна стража на вчерашната прес-конференција рече дека мислите и молитвите на крајбрежната стража се со семејствата на петте членови на екипажот на подморницата Титан и дека тимовите, кои се од американската крајбрежна стража, американската морнарица и Канада, работат без престан.

Тој изјави дека спасувачките екипи пребарале површина од над 19.000 квадратни километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ