петок, 18 октомври 2024

Кампања за собирање средства за краток игран филм „Нема духови во туѓина“ на Ана Јакимовска

Објавено на

часот

Сподели

„Мојот проект за краток филм со наслов „Нема духови во туѓина“ беше изгласан на пичингот и доби поддршка од 3.000 фунти и опрема. За да ја надоместиме разликата што ни недостига, со тимот отворивме кампања на „Кикстартер“Кампањата ќе биде отворена до 4 мај.Ова ќе биде мојот прв филм снимен во Велика Британија. Снимањето го закажавме за 18-22 мај, на локации во Лондон. Со јавното собирање донации, ние излегуваме пред целата јавност на отворен пичинг. На овој начин, секој може да прочита повеќе за приказната, да ги види биографиите на креативниот тим, да дознае како го замислуваме филмот и да одлучи дали сака да нè поддржи и да го гледа овој филм“, вели Јакимовска.
Таа посочува дека со донација од 140 денари или повеќе, секој може директно да учествува во создавањето на овој македонски филм. 

Иако филмот целосно ќе се снима во Англија, приказната е македонска и е инспирирана од македонскиот фолклор. Во филмот ќе се зборува на македонски и на англиски.

Приказната ја следи Кира, британска фотографка со македонско потекло, која за првпат во животот патува во родното село на нејзините родители.

„Набрзо, Кира дознава дека жените се плашат од нејзиниот фотоапарат, верувајќи дека тој има моќ да им ја зароби душата. Кира не се откажува од обидите да ги направи портретите што ги замислила, но по ненадејната смрт на една од жените, станува свесна дека нејзините дејства имаат последици. Филмот ќе биде необичен и смел во својата визуелна и структурна поставеност, користејќи рамки и бои за да ја засили темата на претставување. Нарацијата е нелинеарна, а жанрот е сатира со хорор елементи инспирирани од македонскиот фолклор. Филмот има за цел да отвори дијалог за претставувањето на Истокот во уметноста на развиените земји, но и пошироко, за природата на филмот како уметност воопшто“, појаснува режисерката Јакимовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ