недела, 21 јули 2024

КАМ најпосакуван работодавач, регресот за годишен одмор 37.600 денари

Објавено на

часот

Сподели

Со новото зголемување, регресот е за 14% повисок од исплатениот регрес за минатата година, а 175% повисок од законски утврдениот минимален регрес.

Покрај зголемувањето на регресот за годишен одмор, кој повеќе години наназад е повисок од просечна плата, КАМ најавува и дополнително проширување на листата на бенефиции. Покрај овозможениот платен превоз и топол оброк за вработените во логистичкиот центар, новини се: обезбеден бесплатен превоз за вработените во маркетите со место на живеење над 5 км од работното место, како и колективно осигурување за сите вработени.

„Луѓето се највредниот капитал на секоја компанија, а ние во КАМ сме свесни за тоа. Токму затоа продолжуваме да ги подобруваме условите за работа и да им овозможиме придобивки поради кои ќе бидат задоволни, а со тоа и попродуктивни. Тоа е и наша обврска – да го оправдаме епитетот „најпосакуван работадавач во категоријата маркети“. Дека сме на вистинскиот пат зборува и податокот дека речиси 20% од вработените во КАМ станале дел од нашето големо семејство благодарение на акцијата „Доведи пријател“. Во рамките на оваа акција сегашните вработени добиваат паричен надомест доколку препорачаат лице што потоа ќе стане дел од нашиот тим“, велат од  КАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ