недела, 14 јули 2024
ИТФ М25 Скопје

Калин Ивановски го освои фјучрс турнирот во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Калин Ивановски денеска дојде до својот четврти трофеј во кариерата, прв освоен во Скопје откако во денешното финале беше подобар од третиот носител, Французинот Вејенбург.

Иако Калин мечот го доби во два сета, се играше речиси два часа. Првиот сет Македонецот го доби во тајбрејк со 7-2, во вториот сет беше подобар со 6-4.

Ивановски со освојувањето на турнирот доби и 25 АТП поени како и награда од 3.600 долари колку што следуваше за победникот од вкупниот награден фонд од 25.000 долари.

По овој успех се очекува нов напредок на АТП листата за Калин Ивановски.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ