„Предлог-законот до Собранието е доставен на 6-ти февруари. Бараме Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, а Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен. Ако ДПМНЕ се за борба против корупцијата, ќе го поддржат законот. Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат. Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната лист е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки“, кажа денеска на прес конференција пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.
Според неа, со овој закон се создава можност сите случаи наведени од САД да може да се процесираат преку домашното законодавство.
„Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања. Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција, во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем“, рече Калеска Ванчева.
Владата, министерот за правда (МП) и Јавното обвинителство (ЈО), доколу имаат политичка волја за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку МП веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на “црната листа”, пишува на својот фејсбук профил пратеникот Антонијо Милошоски откако вчера американската Влада објави дека „црната листа“ за Македонија ја дополува со градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски и со поранешната шефица на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева.