сабота, 5 октомври 2024
Стефан Митиќ

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Како малите промени можат да направат голема разлика

Не треба да се претворат луѓето во вегетаријанци или вегани за да направат промена. Ако еден човек одземе 250 грама говедско месо од исхраната неделно - во просек, еден хамбургер - тоа би било еквивалентно на 10 милиони автомобили кои не возат една година! Изборот што го правиме на нашиот следен оброк ќе помогне да се одреди нашата иднина.

Kолку и да боли инфлацијата на храната, таа може да биде само ран предзнак за типот на нарушување на системот за храна што допрва доаѓа. Јачината на овие промени ќе создава главоболки. Глобалните последици ќе бидат длабоки. И за повеќето од нас, тие ќе го променат она што е во нашите фрижидери и на нашите кујнски маси.

Промена во начинот на исхрана

Веќе можеме да видиме како раните промени почнаа да го потресуваат глобалниот систем на храна. Поради климатските промени кои трајно ги менуваат временските шеми, земјоделците се борат да произведат посеви во исти огромни количини како некогаш. Во Калифорнија, топлотниот бран овој месец ја претвори зелената марула во марула со жолта боја. Во Виетнам, екстремната жештина го оштети родот на кафето, што ги зголеми цените ширум светот. Потрошувачите наскоро ќе видат уште повисоки цени и помалку од храната што ја знаат. Патеките за производство (од почва до продавница) се на работ на трансформација.

Во исто време, самото земјоделство врши сѐ поголем притисок врз животната средина и климата. Ние остануваме зависни од главно неодржливиот систем на храна кој ги уништува скапоцените ресурси во трката да го нахрани светот.

Неколку земји сфаќаат дека мора да направат иновации: Бразил има индустриска фарма која произведува рекордни приноси со „регенеративни“ (издржливи) земјоделски практики. Но, ретко кој низ светот зборува за претстојната криза – и за тоа како да се поправи алармантно расипаниот систем.

Од гледна точка на патеката која води од производство до супермаркет, модерниот систем за храна изгледа како своевидно чудо. Сè е внимателно одгледувано според потребите на потрошувачите, дури и оние намирници кои се наплаќаат како органски – и производите кои се сметаа за егзотичен луксуз пред само неколку генерации, сега изгледаат како основни намирници кои се редовно достапни: авокадо од Кенија, манго од Индија, боровинки од Уругвај.

Но, супермаркетот, исто така, сѐ повеќе ја експонира кревкоста на системот – нарушен во последните години од пандемијата, светските конфликти и климатските промени. Што е следно? Речиси сигурно е дека ќе има повеќе прекини и повеќе опасности.

Неколку истовремени кризи

Светот како целина веќе се соочува со кризи на храната на повеќе фронтови. Стапките на неухранетост пораснаа од 7,5 проценти во 2017 година до 9,2 проценти во 2022 година. Приносите во земјоделството сè уште растат, но не толку брзо како порано и не толку брзо како што расте побарувачката. Прекумерната тежина кај луѓето продолжува да расте, а просечната содржина на микронутриенти на десетици популарни зеленчуци продолжува да опаѓа.

А потоа, цените. Во светот, големопродажните цени на храната, приспособени за инфлација, пораснаа за околу 50 проценти од 1999 година, а тие цени исто така станаа значително понестабилни. Севкупно, цените на македонските намирници за две години пораснаа за речиси 60 проценти, со глобална перцепција дека трошоците за живот експлодираа по пандемијата. Помеѓу 2020 и 2023 година, производи кои се најмногу погодени од климатските промени се маслиновото масло (цената тројно се зголеми), какаото (цената скокна уште повеќе), сојата, оризот и компирите.

Скоковите на цените се како сеизмографи за системот за храна, кои регистрираат многу поголема промена на друго место – а понекогаш, сугерираат и повеќе тектонски промени во тек. Повеќе од три четвртини од населението на Африка, кое веќе надмина една милијарда, денес не може да си дозволи здрава исхрана; тука ќе биде најголемиот дел од глобалниот раст на населението овој век, а веќе има мал раст на земјоделската продуктивност веќе 20 години. Во истиот временски период, нема голем раст ниту во Македонија.

Иако македонското земјоделство како целина произведува огромни профити, повеќето фарми низ светот всушност губат пари, а недостигот на храна предизвикува рекордно ниво на раселување и миграција на луѓето. Според Светската програма за храна, минатата година, 282 милиони луѓе во 59 земји останале гладни, 24 милиони повеќе од претходната година. И веќе, ефектите од климатските промени го намалија растот на вкупната глобална земјоделска продуктивност за помеѓу 30 и 35 проценти.

Дали е ситуацијата непоправлива?

Во ерата на апокалиптична имагинација, може да се замислат најстрашните идни климатски сценарија: пад на приносот, скокови на цените, недостиг на храна и масовна глад. Во многу пожешката иднина, тие навистина ќе станат поверојатни, особено ако земјоделските иновации не успеат да го одржат чекорот со климатските промени.

Но, нарушувањето е само половина од приказната. Начинот на исхрана ќе се смени, а заради него и обработливото земјиште кое моментално произведува основни култури – пченка, пченица, соја, ориз. Дури и ако тој напредок се оствари, обезбедувајќи стабилна и богата иднина за храна на многу потопла планета, како всушност, сето тоа ќе изгледа?

Во текот на изминатите неколку години, кога светот започна со задоцнет спринт кон обновливите извори на енергија, добивме прилично јасна слика за она што често се нарекува енергетска транзиција – чиста енергија, првенствено од ветер и сончева енергија, евтина и во изобилство.

Значително е потешко да се замисли еквивалентот на системот за храна: обезбедување подобра исхрана, подостапна за повеќе луѓе, и сето тоа без уништување на екосистемите или загадување на локалните средини или дополнително туркање на планетата во климатски неред.

Можни решенија

Делумно ова е прашање – колкава површина може да се користи? Повеќе од една третина од земјата на планетата се користи за производство на храна, а 70 проценти од целата свежа вода се користи за наводнување обработливо земјиште. На глобално ниво, еквивалент на големината на Јужна Америка сега се користи за одгледување култури, а еквивалент на Африка се користи за пасење животни. И според Светскиот институт за ресурси, можеби ќе треба да додадеме речиси две Индии на постојното обработливо земјиште во светот за да ги задоволиме потребите за храна од 2050 година па натаму.

Сето ова го прави моменталниот систем прилично тежок за заменување. Една проценка е дека производството на храна е директно одговорно за речиси четвртина од сите глобални емисии на јаглерод. Со индиректни емисии, земјоделството е одговорно за една третина.

Не постои златно решение за решавање на климатските промени. Единственото решение е да се ослободиме од фосилните горива во производството на енергија, индустријата и транспортот. Не можеме да ја запреме нашата зависност од нив, па што можеме да направиме во меѓувреме?

Ништо не е толку влијателно како намалувањето на потрошувачката на месо. Ако се погледне месото што се консумира строго од еколошка перспектива, една работа станува јасна: не секое месо има ист јаглероден отпечаток. Постојат големи разлики во интензитетот на емисиите меѓу животните преживари, a говедското месо, како и свинското и пилешкото кои доаѓаат од моногастрични животни се доминантни на светските пазари.

Еве го најголемиот шок: не треба да се претворат луѓето во вегетаријанци или вегани за да направат промена. Ако еден човек одземе 250 грама говедско месо од исхраната неделно – во просек, еден хамбургер – тоа би било еквивалентно на 10 милиони автомобили кои не возат една година. Донесуваме стотици одлуки за храна дневно. Изборот што го правиме на нашиот следен оброк ќе помогне да се одреди нашата иднина.

Менување на навиките

Можеби е малку веројатно дека луѓето некогаш би можеле колективно да консумираат помалку месо, но промените во навиките во исхраната во однос на животинските производи веќе се случуваат. Пример, потрошувачката на животинско млеко постојано се намалува уште од претходниот век па досега.

Добивките овозможени од она што понекогаш се нарекува зелена револуција: пестициди и синтетички ѓубрива и хибридни култури, овозможија човечката популација на Земјата да се зголеми речиси тројно, од околу 2,6 милијарди во 1950 година на повеќе од 7,9 милијарди денес, истовремено намалувајќи го глобалниот удел на неухранетост од повеќе од една третина до помалку од 15 проценти.

Но, придобивките направени од револуцијата во храната – и продуктивноста на земјиштето и агрокултурата, ги создадоа, на подолг план, нејзините опасности. Како би можела да изгледа уште една зелена револуција, ако е возможна денес? Некои економисти велат дека какви било замисливи подобрувања во земјоделството во следните неколку децении, заедно би можеле да доведат до само 20 проценти зголемување на приносот. Ако се додадат маргинални подобрувања во користењето на ресурсите, заедно со некои нови протеини, и тоа нема да направи некоја голема придобивка. Нема да создаде доволно храна, но можеби е доволно за да се избегне катастрофа.

Зависноста од економијата и дејствувањето во истиот момент

Во свет во кој климатските промени може да се почувствуваат како страшно големи, а човечкиот капацитет за адаптација е фрустрирачки ограничен, мора да се митигираат килматските опасности. Недостасува внимание, инвестиции и мобилизација, а решенија има мноштво. Ова, барем, може да се поправи. Може да се променат културите, технологиите, неодржливите практики со подобри и адаптација на оние кои можат да си дозволат прилагодување.

Што е со оние кои не можат? Според Светската банка, земјоделската продуктивност во субсахарска Африка расте со половина од брзината на остатокот од светот. Повеќе од 80 отсто од тој раст доаѓа од создавање нова обработлива почва. Се предвидува дека „дефицитот на житни култури“ во регионот ќе се зголеми на 100 милиони метрички тони до 2030 година, иако емисиите се зголемуваат, биодиверзитетот пропаѓа, а земјиштето, почвата и водата дополнително се деградираат.

Властите пополека ја признаваат несигурноста од недостатокот на храна, но треба да се усвојат попаметни политики. Создавање национален план за ограничување на отпадот од храна, користење државни ресурси за развој на поотпорни култури, поддршка на земјоделците и ставање приоритет на достапноста на храната за сите.

Ако не дејствуваме сега, ќе мора да се соочиме со суровите последици од недостигот на храна и повисоките цени. Изборите што ги правиме денес ќе го обликуваат здравјето и благосостојбата на генерациите што доаѓаат.

Деновите на изобилството праски, моркови и цреши можеби се при крај. Но, деновите на гравот ѕвечарка, хакл боровинките и желадите полека почнуваат. Посувата и потопла иднина не мора да нѐ остави гладни.

Стефан Митиќ

(Преземено од Республика)

КОЛУМНИ

Различни перспективи за типот на мултиполаризација

Весна Попоска

Целта (не секогаш) ги оправдува средствата

Рајко Пеколски

Човек 2.0 (бета)

Кристина Пота Радуловиќ

Анксиозност, треперливиот немир во нас

Joшка Фишер

Колку посилни националистички сили, толку послаба Европа

Соња Стојадиновиќ

 Денешните битки за утрешната безбедност

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ