петок, 8 ноември 2024
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Човек 2.0 (бета)

Место памет во глава
памет во телефон
дигиталниот терор стана предуслов за постоење
ја изгубивме автентичноста
сè е лага — но кому му е гајле
кога имаме двојна автентификација
— да се разбудеше Грегор Самса во нашето време
ќе се преобразеше во бубачка во системот
ако порано од дрвото не ја гледавме шумата
сега од сајбер-бубачките не го гледаме чудовиштето
дигиталниот Мефистофел
најновиот крик на AI
по default приклучен и напојуван од нашите души:
виртуелен дух кој порекнува се —
освен капиталот!
Сепак не се секирајте
Годо и понатаму нема да дојде
заглавил среде некоја верификација или автентификација
дигитално обезглавен без својот паметен телефон
кој го загубил меѓу два апсурда
на метахоризонтот —
ако цивилизацијата веќе одамна
нè научи на вештачки чувства
сега имаме и вештачка интелигенција
и мислиме безгранично мислиме големо
а најмногу мислиме кога не мислиме
серверот уредно собира податоци и пече колачиња 24/7
за новите дигитални богови да се сладат —
виртуелната Марија Антоанета
повампирена и безглава
низ глобалната дигиталната лудница вреска:
„ако немате леб, јадете податоци!“
Дури и правописот веќе не признава мали букви
во дигиталниот сајбер(р)ај сè мора да е големо и да оди во плус:
GMO, COVID, NATO+, BRICS+, 2SLGBTQ+ —
а напишеш ли само „човек“
веднаш системот ти дава error: file not found —
новата дигитална гилотина најмногу се гнаси
од луѓе што мислат со сопствена глава:
Сноуден и Асанж — нема место за дигитални Демостени
низ оптичките автостради
— ниту пак веќе има жена да би ѝ посветил сонет или канцона
наесто рими и катрени денес пишуваме кодови и алгоритми
да би ја смилостивиле фаталната Транс-Дама
чиј поглед
безизразен ледено дигитален
наместо љубовта го умножува Капиталот
И ако сево ова ви е здодевно мачно банално или депресивно
спуштете ја најновата апликација
кај и да е трансбоговите од Давос и Калифорнија
ќе ја префрлат на auto-pilot целава наша цивилизација —
и најпосле, о вие свети климатски активисти — не очајувајте:
телефоните ни се паметни, интелигенцијата вештачка
па сепак глупоста и натаму е природна!
Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Бојан Лазаревски

Пожарите како опомена

Ристо Цицонков

Климатски промени: нема свест, туку интерес (за профит)

Бранко Азески

Премиерот, банките и бизнисот

Кристијан Фидановски

Победникот во Пенсилванија влегува во Белата Куќа

Зоран Дабиќ

Закана по мирот или тигар од хартија?

Илина Качинске

Вештачка интелигенција и проблемите кои ги обелоденува во образованието

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ