„Процесот на европска интеграција се заснова на сопствените заслуги и не допушта посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат. Единствената гаранција за успех е исполнувањето на воспоставените критериуми и услови“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
БТА ја цитира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека унгарскиот премиер Виктор Орбан понудил да биде домаќин на средба меѓу Бугарија и Македонија „за да се види дали може да се приближат позициите“, за да може Скопје да почне преговори со ЕУ, а Унијата да биде арбитер.