недела, 24 ноември 2024
Одбележан денот на Командата за обуки и доктрини

Како членка на НАТО на Македонија ѝ е потребна ефикасна подготовка на армијата, вели полковник Коколански

Објавено на

часот

Сподели

Пред присутните од свечената говорница се обрати командатот на Командата за обука и доктрини полковник Васко Коколански.

„Во развојот на армијата и јакнењето и приспособувањето на капацитетите да одговорат на предизвидите во дадениот временски момент со трансформацијата во 2012 година покрај индивидуалната обука на КОД и се доделува уште една значајна функција за изработка на доктрини, правила и упатства. Со таа трансформација тогашната Команда за обука се трансформира во Команда за обука и доктрини и како таква опстојува и денес“, рече полковник Коколански.

Тој појасни дека освен досегашната улога, дополнително КОД во ова време на операционализација на Новиот концепт на НАТО, на стратегиските цели и визиите на македонските политички и воени лидери во современото сложено безбедносно опкружување, потребна е ефикасна подготовка на армиските капацитети, како и синхронизирани напори во дизајнирање и реализација на поддршка на борбените и штабните елементи на армијата, но и на сите институционални капацитети кои се во функција  на заштита и одбрана на државата и придонес во корпоративната и колективната безбедност.

„И зборовите да не бидат само празна флоскула, сакам со гордост да го истакнам фактот дека само во изминатиот тригодишен период како земја членка на НАТО Командата за обука и доктрини обучи 500 новопримени професионални војници, 250 млади лидери, обучи 300 новопроизведени подофицери. И 250 офицери за англиски јазик и поддржа инфраструкурно на полигоните за обука голем број на обуки и најголемите вежби: Дефендер, Македонски Блесок, Свифт Риспонс“, потенцира командантот на КОД полковник Коколански.

На присутните на свеченоста им се обрати и им го честите Денот на КОД, началникот на ГШ на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свечениста беа доделени награди,златна и сребрана значка и други пофалници и награди на претставниците на КОД и цивилни лица, како и на најдобрите екипи и поединци  од одржаните спортски натпревари во стрелаштво и други спорски дисципини на кои учествуваа и претставници на МВР општина Велес и други екипи.

Воедно беа доделени и наградите на најдобрите ученици по распишаниот ликовен и литератирен конкурс на тема за Армијата, а имаше и изложба на цртежи од ученици на тема „Армијата“, која е поставена во холот на Војничкиот Клуб каде што се одржа денешната свеченост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ