понеделник, 28 октомври 2024

Кај струмичанец во бугарско возило пронајдена дрога, а многу дрога кај лицето кое му ја продало

Кај стручанец, во неговото возило со бугарски таблички била пронајдена дрога, а потоа во домот на лицето од кое ја купил, полицијата пронајде разни видови дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 22.30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило санг јонг со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин.

Исто така, на 06.10.2023, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на З.Б. (58) во Струмица, поради основи на сомнение дека му ја продал дрогата на Ј.М.. При претресот биле пронајдени повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, марихуана, дигитална вага, шприц исполнет со кафеава материја и пари во различни апоени. Ј.М. и З.Б. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

                                                                            Фото: Архива
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ