вторник, 22 октомври 2024

Јужнокорејската војска: Најдовме голем дел од севернокорејската ракета што падна во море при неуспешниот тест (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

На 31 мај Северна Кореја се обиде да го постави првиот воен сателит за надзор во орбитата, но ракетата падна во морето набргу по лансирањето.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека успеала да го пронајде главниот елемент на лансирната ракета во Жолто Море.

„Пронајдениот дел ќе биде детално анализиран од специјализирани институции како што е Националната агенција за развој на одбраната“, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Јапонија тврдат дека Пјонгјанг со тестот ги прекршил резолуциите на Обединетите нации кои ѝ забрануваат на земјата вооружена со нуклеарно оружје да врши тестови користејќи технологија на балистички проектили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ