четврток, 24 октомври 2024

Јужна Кореја ѝ возврати на Северна, од звучници на границата ѝ пушта поп музика

Јужна Кореја почнала на границата да пушта домашна поп-музика преку звучни насочени кон Северна Кореја. На звучниците се емитуваат и вестите за севернокорејскиот дипломат кој пребегнал и јужнокорејскиот пејач кој го носел факелот пред Олимписките игри во Париз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој потег доаѓа откако Северна Кореја вчера повторно испрати балони со ѓубре кон Јужна Кореја. Сеул ги предупреди граѓаните да внимаваат на предмети кои паѓаат и да им пријават на властите ако забележат балони. Сеул го обвини Пјонгјанг за ескалација на тензиите.

„Потезите на севернокорејската војска кои ги ескалираат тензиите можат да доведат до критични последици за неа. Одговорноста за оваа ситуација е целосно на владата на Северна Кореја“, се наведува во соопштението на јужнокорејскиот Здружен генералштаб.

Сеул се надева дека пропагандата која ја емитува преку звучниците на границата ќе ја деморализира севернокорејската војска и жителите на првата линија, што би претставувало удар на напорите на Пјонгјанг кој го ограничува пристапот до вестите од надвор за своите 26 милиони жители.

Вчерашното испраќање балони преку границата претставува веќе деветта „балонска офанзива“ од крајот на мај. Во балоните има стари весници, партали, отпушоци, потрошени батерии па и ѓубриво. Северна Кореја соопшти дека првите балони се лансирани како одговор на балоните со политички летоци на јужнокорејските активисти.

Во минатонеделната изјава сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Џо Јонг, се закани со нови мерки против јужнокорејските пропагандни летоци. Коментарот предизвика загриженост дека Северна Кореја би можела да спроведе посериозни провокации наместо лансирање балони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ