петок, 18 октомври 2024

Јужна Кореја воведува систем против дронови на воени и владини објекти

Објавено на

часот

Сподели

Јужнокорејската програма за одбранбени набавки неодамна постави известување на својата веб-страница за проектот вреден 48,5 милијарди долари.

Во рамки на проектот, ДАПА настојува да купи систем против дронови од локална компанија со кој ќе управуваат армијата, морнарицата и воздухопловните сили и ќе прима понуди до 8 август, објави Јонхап.

Се очекува системот да може да детектира мали дронови и да ги неутрализира со попречување на нивните сигнали.

Пет севернокорејски беспилотни летала ја преминаа меѓукорејската граница во декември минатата година, при што еден ја проби зоната на забранети летови во близина на претседателската канцеларија во Сеул, што доведе до привремено прекинување на сите слетувања и полетувања на двата меѓународни аеродроми, додека војската се обиде да го запре.

Неговата мала големина ја оневозможи армијата да го собори беспилотното летало, чии траги на крајот се изгубија, поради што Сеул оттогаш работи на зајакнување на својата одбрана, како и на операцијата за напад со беспилотни леатала.

Јужна Кореја оттогаш направи напори да ги зајакне мерките против дронови, а војската планира да започне нова оперативна команда за координирање на мисии за набљудување, извидување и напади со беспилотни летала подоцна оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ