вторник, 22 октомври 2024

Јужна Кореја и Саудиска Арабија потпишаа меморандум за одбранбена соработка

Јужна Кореја и Саудиска Арабија во иднина ќе соработуваат во областа на одбраната, откако, како што соопшти Администрацијата на програмата за одбрана за набавка (ДАПА) во Сеул, потпишаа меморандум за соработка во оваа сфера.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сеул и Ријад, според новиот договор, ќе формираат заеднички комитет кој ќе биде задолжен за формирање работна група за истражување на системи за вооружување и развој, како и производство.

На потпишувањето на договорот, според ДАПА, присуствувале јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вок Сик, кој бил во посета на Ријад на Светскиот одбранбен сам, како и неговиот саудиски колега Салман ал Сауд.

Јужна Кореја сака да ја зголеми продажбата на вооружување за да стане еден од најголемите светски добавувачи на оружје, и покрај, како што пренесува Ројтерс, острата конкуренција на светскиот пазар.

Сеул во 2022 година, според податоците на јужнокорејското министерство за одбрана, забележал скок од околу 10 милијарди долари во продажбата на оружје од 7,25 милијарди долари годината претходно, на 17 милијарди долари.

Извозот на оружје во земјите од Блискиот Исток пораснал речиси десет пати од 2013 до 2022 година, покажуваат податоците на јужнокорејската Трговско-индустриска комора.

Во последните години јужнокорејските компании Ханвха, Понгсан и ЛИГ Нек1 заедно склучиле зделки со Саудиска Арабија вредни околу 989 милиони долари, за повеќецевни ракетни фрлачи, муниција и електро-оптички системи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ