понеделник, 28 октомври 2024

Јужна Кореја денеска го информира Советот на НАТО за распоредувањето севернокорејски војници во Русија

Висока јужнокорејска делегација денеска ќе го информира Советот на НАТО за распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, пренесоа денеска светските агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се поканети и амбасадори на други земји, соопшти НАТО.

Поканети се амбасадорите на Австралија, Јапонија и Нов Зеланд, прецизира НАТО.

САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија сериозна загриженост за присуството на севернокорејски војници во Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, минатата недела оцени дека испраќањето севернокорејски војници во Украина, да се борат заедно со руските сили, ќе претставува значителна ескалација на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ