петок, 18 октомври 2024

Јужна Африка го тужи Израел за геноцид

Јужноафриканската Република побара од Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) итно да прогласи дека Израел ги прекршил своите обврски кон Конвенцијата за геноцид во војната против Хамас во Појасот Газа, додека Израел го отфрли барањето на ЈАР како беспредметно.

Објавено на

часот

Сподели

Судската тужба е најновиот потег на Јужноафриканската Република која е исклучително критична кон израелската војна во Газа. Минатиот месец јужноафриканските пратеници гласаа да се затвори израелската амбасада во Преторија и да се прекинат сите дипломатски односи додека на се договори прекин на огнот во израелската војна против Хамас во Газа, во која се убиени десетици илјади цивили.

Во соопштението на јужноафриканското министерство за меѓународни односи и соработка (ДИРКО) се вели дека пријавата против Израел е поднесена денес. „Израел од 7 октомври 2023 не спречи геноцид и не го процесира директното и јавно повикување на геноцид“, се наведува.

Во соопштението пишува дека ЈАР побарала од ИЦЈ да прогласи „на итна основа дека Израел ги крши своите обврски од Конвенцијата за геноцид“. Од Меѓународниот суд на правдата се бара со привремена мерка да побара од Израел да ги прекине своите воени операции во Газа. Јужна Африка може да ја почне оваа постапка на основа на Конвенцијата за геноцид бидејќи и Израел и ЈАР се нејзини потписнички.

ЈАР со децении ја поддржува палестинската борба за државност во областите окупирани од Израел, поистоветувајќи ја позицијата на Палестинците со позицијата на црнечкото мнозинство во Јужноафриканската Република за време на репресивниот апартхејд, што е споредба која Израел жестоко ја негира.

Израел ја отфрли јужноафриканската тужбата за геноцид во Меѓународниот суд на правдата како беспредметна клевета без правна основа и кажа дека се придржува до меѓународното право во својата војна во Газа.

„Јужноафриканската Република соработува со терористичка група која повикува на уништување на Израел. Населението на Газа не е непријател на Израел, а Израел се труди да не им нанесе штета на цивилите“, се наведува во израелското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ