петок, 18 октомври 2024
Лига Европа

Јувентус во 97. минута се спаси од пораз, Рома го победи Леверкузен (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Севиља дојде во водство во Торино со гол на Ен Несири во 26. минута од натпреварот.

Јувентус изгледаше лошо на денешниот меч, се чинеше дека шпанскиот тим ќе си замине со победа од натпреварот, но италијанскиот тим се спаси од пораз.

Течеше 97. минута кога по асистенција од Погба, Гати постигна гол за израмнување на 1-1.

Рома со 1-0 го доби првиот меч против Баер Леверкузен благодарение на погодок на младиот Бове.

Во 63. минута Абрахам шутираше, топката се одби до Бове кој ја смести во мрежата на германскиот тим за водство и победа на Рома од 1-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ