Дури во седмото коло Јувентус првпат прими гол, а тоа го чинеше два бода помалку од планираното.
Мечот почна одлично за Јувентус, со гол на Влаховиќ од пенал во 15. минута поведоа со 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до 88. минута кога Марин даде гол исто така од пенал и изедначи на 1-1.
Камбијасо доби втор жолт поради симулирање во 89. минута и беше исклучен. Првиот жолт го доби пет минути претходно.
За одбележување е и ова промашување на Влаховиќ кој доколку дадеше гол исходот ќе беше друг.
Che disastro Vlahovic, a porta vuota, sul tuo piede, ma come fai a sbagliare da lì?pic.twitter.com/goHvgT5aPF
— I Gigi 78 I (@Vicidominus) October 6, 2024