четврток, 24 октомври 2024

Јутјубер избран во Парламентот на ЕУ ги праша следбениците дали треба да гласа за фон дер Лаен

Фидијас Панајоту, популарниот Јутјубер од Кипар, кој освои место во Европскиот парламент на минатомесечните избори, вети дека ќе гласа според она што го сакаат неговите следбеници. Најави дека политиката ќе ја направи „кул“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новоизбраниот кипарски европратеник, кој има повеќе од 2,6 милиони претплатници на Јутјуб, на инаугуративната пленарна седница во Стразбур пристигна со автостоп бидејќи мислел дека така ќе биде позабавно и поевтино.

24-годишникот за Еуроњуз изјави дека таквото патување е и симбол за тоа што сака да го направи со својата нова платформа. „Имаше малку симболика во начинот на кој го направивме тоа, да покажеме дека политичарите се нормални луѓе и да ги доближиме луѓето до политичарите“, објасни тој.

„Сакаме да го премостиме јазот што луѓето го чувствуваат кон политичарите. Нашата цел во следните пет години е да ја направиме политиката кул“, додаде тој. Најнов пример за таквата „кул политика“ беше употребата на едноставен лист хартија со мала табела за да се објасни односот меѓу Европскиот парламент, Советот и Комисијата.

Во друго видео, тој откри како го избрал својот тим, во кој е еден од неговите најдобри пријатели и негов поранешен учител. Панајоту, кој нема политичко искуство, рече дека сака да креира политика врз основа на мислењата на своите следбеници.

„Со мојата кандидатура покажуваме поглед на подиректна демократија бидејќи моите видеа имаат илјадници коментари и милиони прегледи“, рече тој, истакнувајќи дека знае што мислат луѓето и дека може да ја пренесе волјата на народот во Европскиот парламент.

Новиот пристап веќе го примени во случајот на една од најважните одлуки што треба да се донесе оваа недела: гласањето за претседател на Европската комисија. Јутјуберот ги анкетираше своите следбеници за да одлучи што да направи.

Во анкетата учествувале 300.000 луѓе, а 75 отсто од нив го советувале да гласа против Урсула фон дер Лаен. Во следното видео, тој вети дека ќе го послуша нивниот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ