петок, 18 октомври 2024

Јунајтед пак владее во Манчестер (ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

 

Перфектното прво полувреме на Јунајтед на крајот се покажа пресудно, иако со играта во вториот дел Сити и со играч помалку можеше да се избори за нов меч, на што веројатно најмногу ќе се радуваа неутралните гледачи.

Новиот спектакл почна со гол на Вејн Руни во 10. минута, а Винсент Компани две минути подоцна доби црвен картон, по што „црвените ѓаволи“ секој напад го направија шанса за гол, а Дани Велбек и Вејн Руни во 30 и 39 минута постигнаа два гола за убедливи 3-0. Велбек имаше колосална шанса и за 4-0, но тоа што се најавуваше во првиот дел беше одмазда за првенствените 1-6.

Но наместо рутинска завршница, Сити со десетмина во вистинскиот момент се врати во игра. Александар Коларов од слободен удар во 48. минута и Серхио Агуеро во 64. ја вратија неизвесноста, па последните 20 минути испаднаа пеколни за Јунајтед. Сепак, до крајот, „граѓаните“ не го најдоа патот до мрежата за реми и нов меч, иако имаа неколку полушанси што може да да ги искористат за да направат камбек од сништата.

Новата пресметка за Манчестер повторно докажа дека на картата на дерби-мечеви се додава нов спектакуларен дуел, кој меѓу другото има што да понуди – многу голови.

Во другите мечеви од оваа трета рунда на ФА-купот играат Челси – Портсмут, Шефилд венздеј – Вест хем и Петерборо – Сандерленд.

Вејн Руни го постигнува првиот гол за Јунајтед

 

Судијата му покажува директен црвен картон на Винсент Компани

Велбек го постигнува вториот гол за Јунајтед

Голманот на Сити го брани ударот на Руни од белата точка…

…но напаѓачот на Јунајтед во вториот обид со глава ја смести топката во голот

Коларов од слободен удар го постигнува првиот гол за Сити

Кун Агуеро внесе дополнителна неизвесност со вториот гол за домашните

Пол Сколс се врати во дресот на „црвените ѓаволи“ иако лани реши да се пензионира

И покрај отровните стрели пред натпреварот, Манчини и Фергусон по мечот си подадоа рака

[video:http://www.youtube.com/watch?v=4b2fpTp2hFc]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ