вторник, 22 октомври 2024

Јован Митревски ќе биде предложен за претседател на Собранието, брифираат од СДСМ

Се очекува в недела претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски да го предложи координаторот на пратеничката група на партијата за претседател на Собранието, брифираат извори од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Според партиските извори додека траел состанокот на ДУИ Ковачевски за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.

„Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ“, брифираат извори од владејачката партија. 

Претходно Централното претседателство на ДУИ на состанок во партиското седиште одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ