вторник, 22 октомври 2024

Јотова: По Уставот, следуваат историјата, учебниците…

Објавено на

часот

Сподели

Илијана Јотова, потпретседателката на Бугарија во Варна изјави дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Македонија и побара да се преземат посериозни мерки по последниот инцидент со граѓанин со бугарски идентитет, пренесува БНТ.

Таа рече дека се подготвува текст за промена на Уставот на Македонија, но во пракса нема никаков развој.

„Покрај Уставот, според потпишаните заеднички протоколи, треба да се променат учебниците, да се оценат историски датуми и личности и отворање на досиеја… но ништо од ова не е направено. Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција, на Народното собрание, не се осмелуваат да мислат дека ќе има чекор назад. Ако Бугарија, со новото министерство за надворешни работи и со новата влада, ја преиспита својата позиција, сега да ги почнеме преговорите и работите да се регулираат сами по себе, бидејќи повеќе од една се слушаат и такви „совети“,  тоа значи национално предавство“, рече потпретседателката на Бугарија.

Денеска македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи изјави дека Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена. Таа не може да се отвори ниту на барање на нашата опозиција, ниту на барање на бугарската опозиција, изјави денеска Османи.

„Да ја затвориме темата, дека утре може некоја бугарска влада да каже имаме нов услов. Нема нов услов. Преговарачката рамка е затворена. Во преговарачката рамка има три патокази. Во едниот од патоказите има Акциски план за малцинствата, тоа е единствениот услов, којшто е влезен во бенчмарковите за отворање и затворање на поглавјата. Тој Акциски план не се однесува само на бугарската заедница, туку се однесува на сите заедници во државата. И се разбира тука ќе треба да се исполнат сите тие услови по однос на подеднакви права на сите граѓани независно од етничката припадност“, истакна Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ