петок, 18 октомври 2024

Јотова бара Македонија да има поголемо разбирање за европските вредности, Мицкоски ѝ порача тој совет да им го каже на своите во Бугарија

Ги повикувам истите оние што ни даваат нам совет, да ги советуваат и бугарските власти да може да дозволат македонската заедница барем да се организира во невладини организации, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставување на камен темелник на ново училиште во скопската населба Ченто откако потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова кажа дека од македонскатие власти очекува поголемо разбирање на европските вредности.

Објавено на

часот

Сподели

„Колку што сум информиран, апсолутно ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за почитување и непочитување на човековите права, тоа е Судот за човекови права во Стразбур. За жал, имаме земји членки во Европа што имаат десетици такви пресуди што не ги почитуваат. Претпоставувам тоа ќе важи и за земјите членки, не само за кандидатите. Јас би сакал да ја упатам Јотова овој совет да го даде и кон тие земји членки кои треба, конечно, да ги почитуваат и кои се испречени пред можни санкции за почитување на човековите права. Еве имаме такви 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија. Еве ги повикувам истите овие што ни даваат нам совет да ги советуваат и бугарските власти да може да дозволат македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Ние не бараме да бидеме дел од Уставот, барем од тоа што таму сум го слушнал, туку да се организираат во невладини организации. Тоа е нешто што може да го направат во таа насока бидејќи јас колку што знам, Бугарија како држава е потписник на Резолуцијата за заштита на човековите права. Така некако би бил мојот коментар“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ