вторник, 16 јули 2024
НБА

Јокиќ постави нов рекорд, Денвер го врати брејкот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ постигна 32 поени, имаше 21 скок и 10 асистенции, со тоа стана првиот играч кој имал учинок од 30+ поени, 20+ скокови и 10+ асистенции во еден меч од финалната серија во НБА.

Мареј мечот го заврши со 34 поени, 10 скока и 10 асистенции. Првпат во историјата на една финална серија се случи двајца играчи од ист тим да имаат трипл-дабл учинок со 30+ поени.

Мечот беше изедначен во првото полувреме кога и двете екипи се менуваа во водство, но во вториот дел Денвер брзо се одлепи и го сочува водството до самиот крај за победа од 109-94.

Во составот на Мајами, Батлер постигна 28 поени, Адебајо имаше 22 поени и 17 скокови.

Следниот натпревар од серијата повторно се игра во Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ