недела, 14 јули 2024
НБА

Јокиќ постави нов рекорд, Денвер е на победа до шампионската титула (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер дојде на победа до историска круна во НБА, нагетс синоќа уште еднаш се покажаа во доминантно светли во Мајами. Изедначено беше до средината на втората четвртина до кога двете екипи се менуваа во водство. Потоа тимот предводен од Мајкл Мелоун се одлепи и не го пушти водството до крајот на мечот за победа од 108-95.

Никола Јокиќ постигна 23 поени, имаше и 12 скокови, српскиот кошаркар стана првиот во историјата на НБА со учинок од 500+ поени, 250+ скокови и 150+ асистенции во плејоф.

Ѕвезда на овој меч кај Денвер беше Арон Гордон кој беше најефикасен на мечот со 27 поени, тоа беше и најмногу за него на еден натпревар во НБА кариерата, одличен беше и Браун со 21 поен, Мареј постигна 15, имаше и 12 асистенции.

Во составот на Мајами најдобар беше Батлер со 25 поени, Адебајо имаше 20 поени и 11 скокови.

Серијата сега се сели во Денвер кој има шанса на свој терен со победа да дојде до шампионскиот трофеј.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ