недела, 14 јули 2024
НБА

Јокиќ и Денвер се во криза, шампионот загуби од Хјустон (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше партија под своето ниво, Денвер загуби од Хјустон на домашен терен со 114-106.
 

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот кошаркар врза два меча со лош процент на реализација. На претходниот меч шутираше 9/32, а ноќеска 9/26. И покрај тоа Јокиќ беше најефикасен во својот тим со 23 поени, имаше и 16 скокови.

Хјустон го диктираше темпото во второто полувреме, во последната четвртина поведе и со 103-78 пред Денвер да направи серија од 18-0 и да ја врати неизвесноста на натпреварот. Сепак, гостите не дозволија пресврт, шампионот најмногу се доближи на осум поени негатива и не успеа да ја прекине лошата серија која го „падна“ на четвртото место на табелата во Западната конференција.

Најефикасен во составот на Хјустон беше ВанВлит со 26 поени, Грин постигна 25.

Резултати:
Шарлот – Торонто 119-116
Орландо – Детроит 123-91
Филаделфија – Атланта 125-114
Бостон – Њујорк 133-123
Бруклин – Вашингтон 124-97
Мемфис – Минесота 103-127
Мајами – Кливленд 99-111
Оклахома – Голден Стејт 138-136
Сан Антонио – Чикаго 112-121
Денвер – Хјустон 106-114
Феникс – Сакраменто 106-114
Портланд – Далас 112-125
Јута – ЛА Клиперс 103-117

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ