вторник, 22 октомври 2024

ЈО: Се работи на откривање на убиецот на лекарот во Железара

Јавно обвинителство вечерва соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.

Објавено на

часот

Сподели

„МВР работи на откривање  на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата“, посочија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило марка киа на паркингот пред поликлиниката Железара.

Инаку, засега нема информации дали постојат сомневања кој или кои се убијците. Лекарот е убиен со девет убоди по телото. Убиството се случило на паркингот под поликлиниката, место со доста зеленило и кое навечер, според станарите од блиските згради, не е безбедно сосема за прошетки.

Матичните лекари за понеделник најавија протест со прекин на работата со кој ќе изразат осуда на нападот врз нивниот колега и за да потсетат дека 15 години бараат, а уште не е донесена законска одредба според која напад врз лекар ќе биде напад врз службено лице со што ќе се зголемат санкциите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ